Посветеност
Она што не карактеризира е посветеноста, таа е видлива уште од самото пристигнување во нашиот клуб. Членовите се пречекани на влезот од базенот и на крај се испратени до излезот на истиот.
Квалитет
Квалитетот е клуч за нашиот успех, со сигурност можеме да се пофалиме за истиот. Родителите се нашите главни сведоци, бидејќи тие имаат можност да следаат како се одвива еден тренинг од посебните простории на базенот.
Цел
Целта на нашиот клуб е издигнување на децата во пред се квалитетни личности, а потоа во добри и здрави спортисти, успешни пливачи и ватерполисти. Младите категории се столбот на секој клуб, па така и на нашиот, со таа цел највеќе сме посветени токму на најмладите
Тренинзи
Прва етапа
на новите членови им се дава простор да се адаптираат на околината и новото друштво, меѓувреме тренерот увидува кој предиспозиции ги поседува идниот пливач и го насочува во која група припаѓа.
Услови
Нашиот клуб нуди одлични услови за учење. Така што бројот на пливачи е ограничен, секоја група има до 10 членови, се со цел да се постигне посакуваниот квалитет.
Тренинзи
Прва етапа
на новите членови им се дава простор да се адаптираат на околината и новото друштво, меѓувреме тренерот увидува кој предиспозиции ги поседува идниот пливач и го насочува во која група припаѓа.
Втора етапа
тука се предвидува стекнување на основни техники во пливањето (основен стил, грбно, градно и делфин).
Трета етапа
откако ќе се стекне со пливачки вештини, пливачот може да одлучи во која насок ќе продолжи да се надогрдаува, дали тоа ќе биде Пливање или Ватерполо
Новости
Нашите најдобри пливачи Дерменџиев Миа и Тодоров Стефан се вратија од подготовките за оваа сезона кои се оддржаа во Виена, Австрија. Ова се први припреми на вакво професионално и високо ниво каде работеа со тамошни тренери кои работат со светски шампиони. Во иднина се надеваме на прoширување на оваа одлична соработка.
На денешен ден пред точни 4 години, го почнавме нашиот прв тренинг и така почна нашата приказна! Од тогаш до сега поминавме многу, а постигнавме уште повеќе! Резултатите кажуваат за нашата работа и посветеност! Им благодариме, на сите наши пријатели кои помогнаа оваа приказна да успее и од ден во ден да е се поголема и поголема! Среќен роденден ВАРДАРЕ!!
Минатата недела имавме чест да го угостиме Никола Раџен еден од најуспешните ватерполисти во соседна Србија. Никола своевремено има освено преку 18 медали на репрезентативно ниво од кој некои и на Олимписките игри, како и лига на шампиони со белградската Црвена Ѕвезда. Разговаравме за многу идни планови и проекти. Склучивме и понатамошна соработка.
Успешно реализирани и овогодинешните зимски припреми кој се одржаа во Боровец, Р. Бугарија. Остануваат фотографиите да сведочат за една прекрасна дружба!
НОВ ДРЖАВЕН РЕКОРД
Нашиот Стефан Тодоров го постави новиот државен рекорд на 50м слободно во категоријата постари пионери со време 00,24,71 на мал базен (25м). Со ова време по зборовите на претседателот на пливачката федерација Стефан е еден од најнадежните пливачи до кадетска категорија. Честитки до сите наши пливачи на учеството и остварените успеси!! Честитки и благодарност до организаторот на натпреварот ПК Бета Шаркс за одличната и безбедна организација!!