За Вардар
Започна се од група млади ентузијасти и вљубеници во
ватерполото, кога ватерполото во Македонија беше на самото дно.
Имавме визија да создадеме клуб кој ќе биде синоним на
пливањето, ватерполото и општо водата и водните спортови, со цел
Вардар да биде синоним на успешност на градот Скопје и државата.
Синоним на пожртвувана работа, многу труд и големи
амбиции, низ годините покажавме како може да успее и да заживее
една убава приказна во која се вложило многу труд, љубов и
знаење собрано во текот на нашите кариери. Денеска Вардар 8 брои
преку 150 деца како и преку 8 стручни тренери, со квалитетн
систем и методологија на работа, систем кој докажано создава
нови шампиони не само во ватерполото туку и во пливањето.
Ние сме единствен клуб во државата што паралелно работиме
пливање и ватерполо и остваруваме успеси и на двете полиња.
Голема е и честа што можеме да се пофалиме и дека сме единствен
клуб кои работи и има подрачна единица и во градот Куманово каде
го имплементираме нашиот систем и методологија на работа заедно
со локалната самуправа во градот.
Горди сме на тоа што
работиме на проект кој ќе го направи градот Куманово успешен
град во пливањето и ватерполото. Секако сме далеку од крајната
цел, нашата цел е Македонија да има пливање и ватерполо секаде
каде што има базен и услови истото да се имплементира и ќе се
бориме со сите наши сили тоа да го реализираме!
Членови
Освоени медали
Тренери